Денеска низ улиците на Скопје, протест одржа Синдикатот на полицијата во Македонија. Протестот беше одржан под мотото „за ред, за правда, за дисциплина“. Беа поддржани и од неколку синдикални организации.
Синдикатот на полицијата излезе поради, како што наведуваат, притисокот кон полицијата, незаконски распределувања, недоволен број на униформи.
Протестот започна пред канцелариите на Европска унија и заврши пред владата, каде што беа давани и изјави од претставниците.
Претседателот на Синдикатот на полицијата во Македонија претходно најави дека ќе достават писмено барање до Владата и премиерот и очекува дека некој сериозно ќе ги разгледа барањата.
