Протест на ССМ, бараат 300 евра минимална плата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Минимална плата од 300 евра, но и скалесто покачување на сите останати и регрес за сите јавно-администеративни работници побараа ССМ на денешниот протес пред седиштето на Организацијата на работодавачи и еден час го блокираа центарот на градот.

Ова е само потсетување на она што им беше ветено во предизборието од тогашниот премиер Заев:


„Ја покачивме минималната плата од 9 000 на 15 000 денари до крајот на годината ќе биде 18 000 денари од 9 на 18 тоа е 100% дупла. Постигнавме просечна плата од од 28 744 денари. Сите плати се покачени за најмалку 100 евра за само четири години. Од први јануари 2022 година просечната плата ќе биде веќе 500 евра, минималната ќе биде 300 евра“. изјави Заев минатата година.

ССМ најавува дека ќе ги објавува со име и презиме сите пратеници кои нема да гласаат за Законот за измени на Законот за минималната плата НА 10-ти февруари. Разликите во пресметката на минималната плата со Сојузот на работидавачи е во тоа што тие сметаат дека минималната не треба да биде помала од 50% од просечната, а од ССМ бараат да не биде помала од 60% од просечната. Доколку немаат слух и понатаму надлежните од ССМ најавуваат протести во цела држава, бидејќи штрајкувачките одбори се веќе подготвени.