Стотина Украинци во Македонија имаат формирано свои семејства. Запрепастени се од снимките кои ги гледаат по телевизија.
„Пред пола саат беше бомбардирана градинка и тука сме со моите роднини, тука имаме две деца родени во Македонија. Сакам моите пријатели и колеги знаат што сега Путин прави“, велат тие.
Со мирен протест во Скопје го искажаа својот револт.
„Толку ние бевме заедно во втората светска војна. Ова е катастрофа ова е како во сон. Ова не ми се верува, ова не може да се случува“
Вака Јулија гледа на руската инвазија кон Украина. Вели дека има роднини и на двете страни.
„Имам и во Киев роднини, јас сум од Киев. Имам и во делот каде што е најопасно.Имам роднини и во Русија. Сите сме во добри контакти и односи. Тоа што се случува е катастрофа“
Наталија е од Украна. Со своите деца излезе да го искаже својот револт.
„Многу страшно. Умираат деца..цивили…се слушаат пискотници“
Емоции и повици за крај на војната.
„Спонтано се убиваат деца, цивили…Пукаат во станбени згради. Многу страшно! Пресатанете! Ве молам престанете со оваа војна!“
ТВ21: Постојано се слушаат сирени за опасност и нови бомбардирања, како во такви моменти се засолнуваат вашите роднини?
„Нашите роднини засега се безбедни, затоа што сега се наоѓаат во Западна Украина, но имаме многу пријатели и луѓе кои ги знаме кои живат во централна Украина во Киев. Тие сега спијат подземја, во метро станиците, бидејќи сакаат да се заштитат“
Меѓу демонстрантите имаше и луѓе кои на никој начин не се поврзани со Украина. Велат дојдоа да дадат поддршка.
„Спремен сум две три фамилии да ги сместам кај мене“
ТВ21: Нудите помош за фамилии да дојдат кај вас да живеат
„Да. Нема проблем. Ќе биде добредојден. Господ на никој да не му даде ваква судбина“
Демонстрантите од плоштадот Македонија маршот го завршија пред Амбасадата на Русија во Скопје.
„Ние сме приморани во 21 век да дојдеме до Амбасадата на Агресор. Да им кажеме, што? Не е нормално во 21 век да гинат луѓе, за што? За Путин да остане на Власт? Да ја задржи со своите крвави раце со смрт на нашите деца, украински невини луѓе? Да гинат, да се кријат по склришници. Нашата војска е спремна да даде отпор, ама пак кажуваме. Дипломатија на првото ниво“, вели Оалександар Урбанович од здружението „Леска Украина“.
Пораката од сите присутни е една.
„Да прекине ова, да застане. Да се вратиме пак во убав и мирен живот…“
