Протест против новиот закон за казина – вработените тврдат дека повеќе од 10.000 луѓе ќе останат без работа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во бизнисите со игри на среќа повторно излегоа на протест, спротивставувајќи се на предлог-законот кој предвидува растојание од 500 метри меѓу казината и основните и средните училишта. Тие предупредуваат дека усвојувањето на законот ќе доведе до губење на околу 10.000 работни места и според нив, може да принуди илјадници работници да заминат за работа во странство.

Во меѓувреме, невладините организации реагираат, предупредувајќи дека законските измени можат да создадат ризик од злоупотреба на средствата што доаѓаат од игрите на среќа и се наменети за ранливи социјални категории. Според нив, со новиот предлог се менува начинот на распределба на средствата и се укинува директната вклученост на некои организации како корисници, што отвора прашања за транспарентност и демократски стандарди.

Инаку, предлог-законот за игри на среќа е во собраниска процедура.