Протест против социјални станови во Ивандол, Дехари: Жителите нека ги изнесат барањата, не да прават политики

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По 4 месеци по првиот протест, жителите од населбата Ивандол во Кичево повторно протестираат против изградбата на социјалните станови. Работите повторно почнаа вчера. Становите се предвидени за ромската заедница и социјално загрозени семејства, а жителите не сакаат оваа категорија граѓани да живее овде.

-Она што е започнато и имаат намера да го реализираат за изградба на социјални станови во месната заедница Ивандол, прво бараме средба со градоначалникот, нека дојде градоначалникот да ни објасни на состанокот врз каква основа е донесена одлуката, кога, во кој период, и да видиме дали одлуката навистина е посветена на социјални станови за ромската заедница, не сме против изградба на социјални станови, вели демонстрант.

-Вчера имаше обид да се започне со изградба, ја прекинавме, денеска сме тука, сопственикот што го започна тендерот за градба најави дека ќе ја гради со лично обезбедување за да не можеме да интервенираме, го повикуваме Фатмир Дехари да дојде во населбата, како настана оваа состојба и како дојде до оваа изградба, вели демонстрант.


Побараа средба со градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари но велат дека тој не прифатил средба. ТВ21 го праша Дехари во врска со ова, но тој ни рече дека жителите можат да дојдат на средба да ги изразат барањата на населбата но не и да ги попречуваат градежните работи за социјалните станови заради политички интереси.


„Јас неколку пати се сретнав со жителите, не дека не сум се сретнал, разговаравме и им се обратив и сега им се обраќам и апелирам дојдете да разговараме за потребите на населбата, кои се потребите? Не се занимавајте со политички прашања, да не се злоупотребуваат од други политички структури за партиски интереси, едноставно нека си ја гледаат својата населба, да ја изградат нивната населба доколку има потреба и за што има потреба, јас сум тука“, вели Дехари.


Жителите велат дека нема да престанат да протестираат се до постигнување на нивната цел. Во оваа населба се предвидува изградба на 30 социјални станови за 30 семејства во тешка економска состојба. Вредноста на проектот изнесува 800 илјади евра. Според планот, становите треба да изгледаат вака.