Денеска во Тетово се одржува протест, со кој се бара од надлежните целосно расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во која загинаа 14 лица.
Демонстрантите протестот го почнаа од плоштадот, потоа се упатија до зградата на Општина Тетово, која беше погодена со јајца. Потоа се упатија кон изгорената модуларна болница.
Најпрво на плоштадот беа засадени 14 дрвца, во чест на 14-те загинати од модуларната болница.
Демонстрантите побараа од германските експерти целосна анализа за да се утврди што го предизвикало пожарот на 8. септември во 21 часот.
