Со демонстрации од Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство, борците за правда и жртви учествуваа на протестен марш за „Јавна соба.“
„Колку од вас имаат доживеано сексуално насилство или вонземирување во животот?“
-„Сите“
Колку од вас имаат пријавено во полиција?
-„Никој“
Никој така е….
Упатија неколку барања.
„Бараме, не јавната соба една да се затвори, бараме казни за сите администратори на сите групи од ваков тип и соодветни казни за сите оние кои што внатре во тие групи споделувале праќале информации од типот на слики, но и лични податоци на девојките и жените.“, вели организаторот на протестниот марш.
Меѓу нивните барања е и промена на Кривичниот законик, со што интернет вознемирувањето ќе биде казниво со закон.
На протестот беше присутна и Ана, една од жртвите во т.н „Јавна соба“.
„Нека ова биде почеток на големи промени кои што ќе се случат во ова општество, нека се донесе закон, но и тој закон да се применува, нека се едуцираат институциите, нека се едуцира секој човек, како треба да се однесува за да може да имаме поубаво и посреќно општество и за нас и за идните генерации кои доаѓаат.“, вели Ана, „жртва“ на Јавна соба.
Во групата „Јавна соба“, која во моментов е затворена по интервенција на МВР, се појави лани и во неа беа споделувани приватни фотографии и лични податоци од претежно малолетни девојки од Македонија. Тогаш имаше реакција од належните институции, но случајот остана во предистражна постапка цела година.
Групата повторно се актуелизираше пред десетина дена со нови злоупотреби, по што имаше полициска интервенција во која беа уапсени 4 лица, а групата затворена. Во јавност се јавија и неколку девојки – жртви на челнови на групата.
МВР вели дека истрагата не е завршена и дека се работи на целосно расчистување на случајот, а министерот за правда Бојан Маричиќ најави дека се подготвени законски измени кои се однесуваат на вакви дејствија.
