Протести во Белград по најавата за карантин – запалени полициски возила, обид за упад во српското Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Од утре ќе биде забрането, секое собирање на јавно место со повеќе од 5 лица на отворено или затворено, а од петок одиме на долг полициски час односно забрана за движење заклучно со понеделник, па потоа ќе видиме понатаму“, истакна Александар Вучиќ.

По завршувањето на вонредното обраќање на Вучиќ, започна и собир на незадоволни граѓани пред зградата на Собранието.

И студентите како претходните денови, се упатија кон центрот на градот. Пристигнаа и полициските единици од тука започнува долгата и тешка ноќ.

Во еден момент полицискиот кордон беше пробиен, а мета беше зградата на Собранието и обид за упад во него.

Откако состојбата беше надвор од контрола, се вклучи и жандермеријата, како и коњичката полиција.

Полицијата фрлаше солзавци еден по друг, демонстрантите запалија полициски возила и започнаа враќање на шок бомбите кон полицијата.

На терен беа и колегите од N1 телевизија, кои повеќе од 5 часа известуваа во живо. На социјалните мрежи четирите екипи кои известуваа денеска се херои.

Разговаравме со Јелена Зориќ, една од репортерките N1 телевизија, која вели дека се уште има проблеми поради вдишувањето на солзавец,

„Имам главоболка, тешко е. По малку чувствувам тешкотии. Кафлам. Солзавецот и понатаму го прави своето. Но најважно е тоа што, солзавецот не ме спречи додека бев на смена и додека ја вршев својата работа. Денеска кај одмарам, во Србија се најавуваат нови протести, моите колеги од Н1 и сниматели да известуваат од овие протести“, посочи Јелена Зориќ.

Вели дека во вакви моменти важно е да се прилагодиш на состојбата при известувањето.

„Се случува солзавец да падне пред нас, па јас и снимателот се гушиме како и моите колеги, секако дека очите ни солзат, пече, тогаш зборувате лошо, споро и тешко, но важно е да продолжите да зборувате. Не сте добар пример тогаш за телевизор, со оглед на тоа дека плачете, мене ми се растура шминката, но тоа не значи дека јас ќе прекинам бидејќи не изгледам убаво или се гушам и зборувам лошо“, додаде Зориќ.

Државниот врв го осуди обидот за упад и протестите во текот на вчерашниот ден. Попладневно прес конференција одржа Вучиќ во која рече дека протестите се политички и не се поврзани со коронавирусот.

Утрово пред телевизијата осамна и транспарент на кој пишува „Наше право е да ја знаеме вистината. Фала Јелена, фала Татјана“.