Протести во Словенија против анти ковид мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во главниот град на Словенија, Љубљана денеска се одржува протест против анти-ковид мерките.

Учесниците на протестот бараат оставка од премиерот Јанез Јанша.

Тие успеаа да го пробијат полицискиот кордон и да го блокираат главниот автопат во Љубљана, додека пак полиција употреби водени топови за да ги растера. 

Демонстрантите се незадоволни од новите ограничувања, според кои се бара ковид пасош во некои јавни места и на некои работни места.

Премиерот Јанша ја обвини полицијата во главниот град дека не успеала да го спречи протестот.