Противпожарната служба на Њујорк се поднови со роботи во облик на кучиња

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Противпожарната служба на Њујорк, САД, купи роботи во облик на кучиња коишто во иднина ќе учествуваат во спасувачки потфати.

Роботите „Спот“ се во производство на „Бостан дајнамикс“ (Boston Dynamics), а цената на нарачката е околу 75.000 долари, објави „Њујорк тајмс“. Кучето-робот првпат беше претставено во 2016 година. Станува збор за мал робот со четири нозе тежок 25 – 30 килограми. Опремен е со повеќе проприоцептивни сензори, камери и цврсто поставен бранов жироскоп.

Се наведува дека е целосно електричен и може да работи околу 90 минути на батерија со едно полнење. Кучињата-роботи ќе бидат управувани од оператор и ќе собираат фотографии и видеа од местото на настанот.