Протоколите за одвивање на наставата се јасни, вели Царовска во „10 МИНУТИ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование Мила Царовска, беше гостин во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 вечерва. Разговаравме на актуелната тема околу почетокот на школската година, која е предвидено да стартува утре со физичко присуство, освен во Тетово, Гостивар и Кичево каде што во првите две, односно во првата недела ќе има он-лајн настава.

На прашањето колку се јасни протоколите, Царовска кажа дека се сосема јасни и дека имало можност од три месеци да бидат разгледани.

„Протоколите се јасни, особено што три месеци имаа можност да се разгледуваат. Владата многу претходно предвиде три можни сценарија: целосно физичко присуство, онлајн настава и хибриден модел. Училиштата и минатата сезона работеа по протоколи.

Неискуството на средните училишта ќе им направи одреден предизвик, но и минатата година и оваа учебна година ги собираме податоците. Секаде каде што ќе се појави ризик, епидемолшката служба излегува на терен, и тие одлучуваат како понатаму“, рече Царовска.

Целата изјава низ видео: