Во раните утрински часови се правеа последните подготовки во хангарот на спортскиот аеродром во Скопје. Авионите се подготвени да полетаат.
Два авиона ќе вршат дезинфекција против комарци.
Потоа следи и препаратот против комарци.
Препаратот треба да се измеша со вода, литар препарат со 4 литра вода.
Се е подготвено и се чека да изгрее сонцето. Новинарите ќе го следат летот со друг спортски авион. Се палат моторите и авионите полетуваат кон чистото небо над Скопје.
Дезинфекцијата за комарци се прави рано наутро со изгревањето на сонцето, кога, според експертите, е најдобро време бидејќи комарците се гладни и бараат храна. Според експертите овој препарат е меѓу најдобрите на пазарот. Дезинфекцијата ќе продолжи и утре а се апелира пчеларите да внимаваат и да ги заштитат пчелите за време на прскањето.
