Во писмото испратено во понеделникот од страна на Емили Марфи, директор на Службата за општа администрација (ГСА), се вели дека сегашната администрација е подготвена да ги пренесе овластувањата од Доналд Трамп на Џо Бајден .
Ова писмо, според проценката на Си-Ен-Ен, кои исто така го поседуваат писмото, сигнализира дека Марфи официјално ќе ја потврди победата на Бајден. Ова ќе им овозможи на сегашните претставници на Белата куќа да работат со тимот на Бајден за време на процесот на трансфорација.
Писмото наскоро го објави самиот Трамп, кој напиша на Твитер заблагодарувајќи се на Марфи за нејзината лојалност кон САД.
Писмото е испратено откако Мичиген официјално ги потврди резултатите од изборите во понеделникот и откако Џорџија го стори истото во петокот.
Покрај тоа, обидите на тимот на Трамп да ги оспорат изборните резултати не вродија со плод. Судските процеси пропаднаа во неколку држави, а неговиот правен тим допрва треба да презентира докази дека Трамп победил на изборите.