Прв пат над 200 новозаразени во Македонија, но и рекордна бројка на оздравени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска Македонија регистрира нов рекорд на нови случаи на коронавирус. Прв пат бројката скокна над 200 лица, или поточно 205 нови случаи. Досегашниот рекорд беше на 13. јуни кога имаше 196 нови случаи.

Голем е и процентот, со оглед дека направени се 1728 тестирања, и досега бројката се движеше некаде околу 10%.

Треба да се има во предвид дека денеска има и рекордна бројка на оздравени. Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 336 оздравени лица.

И натаму Скопје е со највисок број на новозаразени. Денеска има 60 нови случаи од главниот град, а дури 29 се од Свети Николе. 23 лица се од Гостивар, а од Дебар 17.