Прв случај со Ковид-19 во Кичево – Дехари: Заразениот 3 месеци немал никаков контакт со градот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гаѓаните на Кичево не треба да се грижат и да паничат, охрабрува  градоначалникот Фатмир Дехари, бидејќи денес во градот е  потврден  првиот случај на заразено лице со „Ковид 19“. Дехари за Телевизија 21 даде детали за заразеното лице.

„Станува збор за жител кој заминал од нашиот град на 20 февруари годинава, во Франција, значи фактички пред 3 месеци, со привремена работа на  брод во Франција и се вратил од таму на 10 април, значи пред 4-5 дена. Станува збор за граѓанин од Кичево, но за наша среќа, тој замина пред 3 месеци.“, вели Дехари.

Градоначалникот на Кичево рече дека лицето заразено со „Ковид-19“ немал контакт со никого бидејќи откако се вратил бил ставен во државен карантин. Дехари изјави дека е во комуникација со сите надлежни органи, и дека сè уште нема знаци од вирус во Кичево. Тој останува на негово барање Кичево да се прогласи за стерилен град.

„Мојата идеа се основа врз барањата, мислењата и советите кои ги земам од лекарите и другите стручни лица и продолжувам да ја поддржам идејата и логиката дека можеме да успееме со преземање на додатни мерки во нашиот град, значи со контрола на граѓаните кои доаѓаат од другите градови кон Кичево.“, изјави Дехари.

Дехари објаснува дека ова идеја може да ги спаси бизнисите и локалната економија, бидејќи како што рече тој, поради корона вирусот локалната економија пропаѓа поради тоа што околу 150 кафетерии и ресторанти се затворени.