Прв состанок на новиот формат НАТО-Украина – Зеленски им се приклучи на лидерите на Алијансата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Русија ги потцени „единството и силата“ на Алијансата. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференција заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски тука во Вилнус, Литванија. Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да стои позади Украина колку и тоа да е потребно. Соопштено беше дека е договорен пакет од три дела што го доближува Киев до Алијансата преку дополнителна воена и економска поддршка. Претставниците на НАТО, Столтенберг и американскиот претседател Џо Бајден седнаа заедно со Зеленски на иста маса како дел од новиот Совет „НАТО-Украина“.  Ова постојаното тело ќе значи дека 31 сојузник и Украина можат да одржуваат консултации и да повикуваат на состаноци во итни ситуации.

„Најголемиот ризик е ако Путин победи, бидејќи тогаш пораката би била дека кога тој користи воена сила, кога го криши меѓународното право, кога ги уценува соседите, тогаш добива што сака. Силна, обединета на патот за членство, НАТО испорача на Украина, и секако кога го правиме тоа знаеме дека Москва ќе протестира, како што протестираше во случаите на приклучувањето на Финска, Шведска, Северна Македонија, на сите други сојузници. Украина има право да го избере својот пат“, вели Јенс Столтенберг.

„За Ф-16 прашањето се однесува до мене или до вас? Не не, одговорете ве молам. Можете исто така да одговорите на сите три прашања Јенс, за НАТО, кога би станале членка.

Знам колку различни разговори и договори се случија на патот и ви благодарам за ова признание. Поминавме долг пат во соработката со НАТО, а нашите војници имаат најсвежо искуство во соработка со различни членки на алијансата. Вештото користење на оружјето на НАТО од страна на нашите војници веќе докажа дека глобалната демократија е посилна од какви било терористички закани против нас. Во исто време, дури и за време на војната со Русија, Украина продолжува да спроведува реформи во рамките на нашиот пат на интеграција во ЕУ“, вели Володимир Зеленски.

Македонската делегација беше дел од втората сесија од Самитот за зајакнувањето на партнерствата и пошироката геополитичка и безбедносна глобална слика, каде присутни беа и претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет.

На маргините на самитот се одржа и билатерална средба меѓу македонскиот премиер и новиот премиер на Грција Киријакос Мицотакис каде била потврдена поддршката од Грција на патот кон Европската унија. Во изминатиот период зголемена е трговската размена, а повеќе инвестиции се потребни во енергетската инфраструктура како и гасоводот Александрополус.