Прва жртва од страшниот пожар во хрватски Омиш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата пронашла тело на опожареното подрачје кај Омиш, Хрватска, соопшти сплитско-далматинската полиција.

Телото било пронајдено денеска околу 13:30 часот, при преглед на теренот кој беше зафатен од големиот пожар што се прошири во околината на Омиш.

Засега не се соопштува идентитетот на починатото лице, ниту се познати околностите под кои настанала смртта.

На местото каде што е пронајдено телото ќе биде извршен увид, со кој ќе раководи надлежниот државен обвинител, со асистенција на полицијата. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

Големиот пожар на подрачјето на Омиш предизвика сериозна материјална штета, а дел од жителите и туристите беа евакуирани. Според досегашните информации, десетици лица побарале медицинска помош, додека повеќе лица се во тешка здравствена состојба.