„Не како други години, но и оваа година на 1 мај граѓаните го посетија паркот во Сарај. Тие велат дека одржуваат растојание и дека излегле на воздух“, истакна репортерот на ТВ21.
За разлика од други пати, оваа година немаше продавачи со кои вообичаено бил полн паркот. Прашавме неколку граѓани кои рекоа дека ги почитуваат препораките од Владата за спречување на пандемијата.
„Секако дека ги почитуваме правилата и сега, малку ќе одиме“, рече граѓанин.
„Секако дека треба да се почитуваат, треба да се заштитиме и себеси но и другите“, додава граѓанин.
„Да, ќе останам до 13:30 часот“, вели граѓанин.
Друга причина зошто денеска имаше мала раздвиженост е и Рамазан.
Најсреќни беа децата кои си играа во паркот. Во паркот во Сарај денеска немаше запалено скара ниту пак имаше игри кои вообичаено ги организираа самите граѓани.
Паркот во Сарај е познат како многу посетена дестинација од граѓани од повеќе места кои доаѓаат овде за да прослават 1 мај.
Денот на трудот, или празникот на работниците има за цел да потсети на синдикалните движења и тешката социо-економска состојба на работниците.