Први пратенички прашања за новата Влада. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се пожали дека простор за прашања им се дава само на пратениците од власта, додавајќи дека Владата сака седницата да ја претвори во ПР средство.
Опозициската пратеничка Рашела Мизрахи го праша премиерот Ковачевски – дали знае за отворањето на фашистички културен центар во Македонија?
Ковачевски одговори иронично, велејќи дека и Македонија ќе отвори културен центар во Бугарија и дека на отворањето ќе биде поканета и таа.
Мизрахи, пак возврати дека културниот центар во Софија нема ниту назив, истовремено потсетувајќи го премиерот на неколку бугарско-македонски прашања.
На денешната седница за пратенички прашања се разговараше и за правдата во земјава, модуларната болница во Тетово, енергетската криза, поскапувањето на прехранбените продукти, како и за други теми.
