По денешното рочиште за упадот и насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат како „27 април“, обвинителката Вилма Русковска изјави дека денешното сведочење на Михаил Младеновски ја покажува „инволвираноста на една политичка партија, но и на структурите од полицијата, односно структури во тогашната УБК“. Покрај Младеновски, денеска сведочеше и референтот за систем и гласање во Собранието, Сашко Коцевски. Тој вели дека тогашниот претседател можел да го спречи инцидентот доколку побарал да се исклучи микрофонот од говорницата, кога започнало да се пее албанската химна. Во случајов обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Адвокатот на тројца од обвинетите, Еленко Миланов, изјави дека е несериозно сведокот Коцевски кој бил дипломоиран педагог да толкува деловодник. На следното рочиште, закажано за 13 мај, како сведоци ќе бидат повикани техничкиот премиер Оливер Спасовски и Антонио Кочков.
-Неговиот исказ во добар дел ја докажува инволвираноста на една политичка партија така и на структурите од полција и тогашната Управа за безбедност и контра разознавање.-рече Рускоска.
