Првиот извоз се очекува на 3 мај, исчистени 450 тони линдан од фабриката Охис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скафандери и маски со филтри се потребната опрема за влез во оваа црвена зона на поранешната фабрика Охис.
Ова е просторот каде се ископуваат контаминирачки супстанци од малата депонија. Просторот е покриен со тенда и внатре се поставени филтри за прочистување на воздухот. Процесот започна кон средината на март, а целосното чистење на оваа депонија се очекува да заврши за една година. Во неа има приближно околу 3000 тони ХЦХ, 3000 тони контаминирана почва и 1000 тони бетон.

Во бурињата зад нас се сместени 450 тони линдан, исчистен првично од малата депонија кај поранешната фабрика Охис.

Претставничката на Министерството за животна средина, вели дека освен ХЦХ, исчистени се и 150 тони контаминирана почва и пронајдено е одредено количество жива со различна концентрација.

„Остатоците кои се во бурињата ќе се транспортираат во фази, ќе има процедура на чистење,пакувањето и извозот се безбедни вели претставникот на Министерството за животна средина Александар Мицковски. Тој додава дека бурињата се херметички затворени и не постои опасност, а првиот транспорт ќе се реализира на 3 мај, поминувајќи низ пристаништето во Солун се до крајната дестинација во Франција“, вели Андонова.

И покрај чистењето, во Охис се уште се чувствува лош мирис како последица од големата депонија која се уште не е затворена, велат од Министерството. Успешното чистење на малата депонија ќе влијае да има донации и да се спроведе чистење и на големата депонија. Динамиката на работите ќе зависи од обезбедувањето финансиски средства, додаваат од Министерството за животна средина. Инаку проблемот со депониите на Охис е стар над 40 години. Постапката за дислокација на линданот е финансирана од Глобалниот фонд за животна средина, Владата на Македонија, Кралството Норвешка и Делегација на ЕУ во земјава.