Прво полугодие при крај, а учебници сè уште нема! – МОН: Доставувањето на учебниците се одвива согласно предвидената динамика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако се наближува крај на првото полугодие од оваа учебна година, учениците и понатаму се соочуваат со недостиг од учебници. Состојбата е иста во речиси сите училишта во државата.

Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Марина Ѓоргоска, рече дека наидуваат на големи потешкотии во однос на наставниот материјал.

Иста ситуација е и во другите училишта во Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков, кој прстот за вина го вперува кон СДСМ.

Пред неколку дена, од Министерството за образование и наука информираа дека доставувањето на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение тече согласно предвидената динамика.