Првото бебе во 2022 година е момче, утрово на Свет пристигна уште едно дете во ковид-центар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Михаил, првото бебе кое се роди во Скопје во првата минута од 2022 година.
Само една минута подоцна, на свет пристигна и едно девојче кое го доби името Теодора. Ја облекоа во црвена облека како Дедо мраз. Веднаш штом во собата влезе министерот за здравство, Венко Филипче заедно со медицинскиот персонал, Теодора почна да плаче…

За да ја смири, Филипче ја зема в раце.
Министерот, на новороденчињата им посака здравје и среќа и информираше за нивната здравствена состојба.

Во 5 часот наутро се породи уште една пациентка хоспитализирана во ковид-центарот на Гинекологија. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба, информираат од ГАК.

Единствената пациентка во ковид-одделението на Гинекологија е пациентката која се породи ноќеска, додава директорката Јовановска. Во посета на првите новороденчиња за оваа година пристигна и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.