Денеска во велешката Општа болница во точно 11:51 часот се роди првото бебе.
Се работи за женско бебе по име Мила. Тешка е 2,700 грама и долга 50 сантиметри.
Ова е втора ќерка на 31-годишната Клементина Штерјовска.
Попладнево, мајката и бебето ги посети градоначалникот Марко Колев кој на мајката и врачи пригодни подароци и штедна книшка со 15 илјади денари.
