Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за прв пат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност, објави денеска Ројтерс.
Вредноста на најпознатата криптовалута во светот се зголеми поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики кои ги поддржуваат криптовалутите.
Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена за околу 45 отсто во четирите недели откако Трамп победи на изборите.
Биткоинот ја достигна највисоката цена досега неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира поранешниот комесар на ДИК Пол Аткинс, кој е поборник за криптовалути, за шеф на Комисијата за хартии од вредност.
