Птичји грип и во Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Присуство на птичји грип и во Хрватска. Денеска е потврдено дека во општината Молве, биле пронајдени три позитивни случаи на птичји грип.

Општина Молве, на барање на ветеринарната инспекција на Ѓурѓевац, ги известила мештаните дека е утврдено присуство на птичји грип врз основа на три примероци земени од нивното подрачје.

За потсетување дека изминатите недели и во Скопје беше пронајден птичји грип, и тоа во скопската ЗОО, која беше затворена за посетители речиси 20 дена. Австрија, пак, беше прогласена за ризично подрачје поради птичји грип.

ФОТО: Архива