Еден ученик утрово е ранет пред зградата на Средното машинско училиште, односно Средното занаетчиско училиште за метали.
Полициската управа Центар во 8 часот добила информација за инцидент во кој е повреден ученик.
„Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје и повредил друг малолетник во пределот на ногата. Од страна на КЦУС кон повредениот малолетник констатирана е полесна физичка повреда, а другиот малолетник е под контрола на полициски службеници“, соопштија од сараевската полиција.
Се наведува и дека е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на кантонот Сараево, а полициски службеници се на терен.
Првите информации кои ги пренесоа медиумите велат дека ученикот бил застрелан од млад човек кој не го посетува тоа училиште, но дека претходно имале конфликт.
Пред училиштето има полициски патроли, а интервенирала и Брзата помош.
