Пукање во Призрен: Две лица повредени, се трага по сторителите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во раните утрински часови во средата, две лица се повредени од огнено оружје во Призрен, Косово.

„На 29.01.2025 година околу 02:00 часот на улицата „Транзити и ри“ во Призрен на паркинг на продажно место на деривати пресретнале повеќе осомничени лица. Веднаш по средбата, осомничените почнале да разговараат и најмалку едно лице пукало со огнено оружје кон останатите осомничени. По пукањето од пиштолот, инволвираните лица го напуштиле местото на настанот и двајца од нив побарале помош од лекар во Итната помош на Регионалната болница во Призрен“, известија од косовската полиција.

Полицијата ги идентификувала лицата инволвирани во случајот, и извршени биле проверки на повеќе места, одземени се три огнени оружја – пиштоли и две возила.