Пукање во скопското село Љубанци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 27.02.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека имало пукање со огнено оружје во с.Љубанци, скопско.

Полициски службеници излегле на местото и по преземените мерки било констатирано дека во наведеното време во с.Љубанци настанала расправија помеѓу А.С.(24) од с.Волково, скопско и М.С.(26) од с.Никиштане, скопско, од една страна и А.Ј.(20) од с.Љубанци и Ф.Д.(22) од с.Радишани, скопско, од друга, по што А.С. бил физички нападнат.

Според пријавеното, М.С. помислил дека и тој може да биде нападнат и испукал неколку куршуми во воздух и заминал од местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.