Пукање во центарот на Белград, едно лице повредено, во тек е полициска акција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На булеварот „Кралот Александар“ во центарот на Белград, имало пукање кое за среќа минало без жртви. Во тек е полициска акција во која има апсења, пишува Танјуг.

Според извештаите било употребено оружје. Медиумите јавуваат дека на терен се голем број на припадници на полицијата, и дека се слушнале три истрели.

Еден маж е повреден, а брзата помош е на лице место.