Пукање во Загреб, застрелан бизнисмен кој претходно бил обвинуван

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бизнисменот Роберт Палиќ (57), кој бил долги години обвинет од УСКОК за даночно затајување за увоз на луксузни автомобил, утрово бил тешко ранет во Дубрава во близината на Загреб во класична заседа, откако бил застрелан од непознато маскирано лице.

„Јутарњи“ неофицијално пренесува дека Палиќ се поврзува со поранешниот претседател на Динамо, Здравко Мамиќ. Тој бил ранет додека одел на кафе во маалско кафуле. Одзади му пришол маж и му пукал во нозе.

Полицијата се сомнева дека напаѓачот имал помошник. Палиќ бил веднаш пренесен во болница, каде бил опериран.