Пукната цевка создаде мочуриште во Кондово, жителите 2 месеци чекаат интервенција од општината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водоводна цевка која пукна во село Кондово создаде мочуриште кое им пречи на жителите. Велат дека таму се собира ѓубре и разно разни бубачки, а во меѓувреме се жалат дека и водата не може да се пие.

-Овој проблем е околу 2 и пол месеци. Прво се јавив во водовод, ја предупредив и техничката екипа во Сарај, знае и општината, им кажав и на соседите, но досега никој ништо не презел.

Што велат од општината?

-Од Општината рекоа тимот што се занимава со елиминација на овие работи, одржување поправка, ми рекоа дека ќе дојдеме денес, ќе дојдеме утре, поминаа 2 ипол месеци, но никогаш не доаѓаат.

ТВ21 го праша градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, кога ќе се санира овој проблем во оваа населба. Тој рече дека денеска го информирале за овој дефект и дека наскоро ќе бидат преземени мерки.

Жител на село Кондово денеска се обратил до општината. Наскоро ќе се преземат мерки.

Инаку, жителите велат дека овој проблем постои веќе два месеци и дека општината била известена од почеток.
Оваа населба брои околу 30 куќи.