За прв пат откако почна изградбата на автопатот Кичево – Охрид, еден дел од автопатот заврши пред предвидениот рок. Станува збор за магистралниот пат на влезот на Охрид, од местото наречено Петла до Подмоље.
Властите ветија дека овој дел ќе биде пуштен во употреба на 11 јули, но повеќето беа скептични. Денеска овој дел беше пуштен во употреба. Граѓаните изненадени, но истовремено, скептични за завршувањето на целиот автопат.
За овој дел на патот на влезот на Охрид имаше бурни реакции бидејќи беше блокиран токму пред почетокот на летната сезона и сите тие кои патуваа кон Охрид беа обврзани да одат по стариот пат, а тоа предизвика хаос.
Завршувањето на автопатот Кичево-Охрид е предвидено за 31 декември годинава, но иако останаа уште само 6 месеци на терен се гледа дека има уште многу незавршена работа.
