Од денеска се пуштени во продажба картите за ЕУРО 2024 квалификацискиот натпревар Македонија – Англија.
Утрово се забележани долги редици граѓани кои чекаат да купат карти, чија цена се движи од 400 до 600 денари.
Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје 20 ноември со почеток во 20:45 часот.
