Путин ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска ја прими втората доза вакцина против Ковид-19, три недели по првата вакцинација.

– Сакам да Ве информирам дека ја примив и втората вакцина. Се надевам дека се ќе биде во ред. Не се надевам, туку сум сигурен во тоа, истакна Путин.

Тој исто така изрази надеж дека „пандемијата наскоро ќе заврши, помеѓу другото, благодарени и на активната вакцинација што се спроведува во земјата“.

Путин првата и втората доза од вакцината ја прими на 23 март, но не пред камери, како другите светски лидери.