Работеше со години, но некој друг ќе оди во Токио – Селекторот Вренези најавува тужба против институциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Љуљзим Вренези, државен селектор во борење.

Цели 6 години го тренираше борачот Могамедгаџи Нуров, подготвувајќи го за Олимписките игри во Токио.

Во последен момент, наместо тренерот Вренези, заедно со борачот Нуров, ќе оди некој друг на Олимписките игри. Како и зошто, на Вренези не му е јасно.

Боречката федерација листата ја имаше до пред три месеци за учество на Олимписките игри во Токио. Таму сме вклучени јас и борачот Могамедгаџи Нуров, а според сомнежите, Олимпискиот комитет го сменил емаилот, го пријавил во Интернационалниот комитет Нуров и еден тренер, не знам точно кој….Ибрахимов екс борачот со фалсификувана лиценца од Русија.“, изјави Вренези.

Олимпискиот комитет денеска претстави дел од учесниците на Олимписките игри. На оваа конференција беше и извршниот спортски директор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Владимир Богоески. Го прашавме зошто во последен момент е сменето името на тренерот Вренези и наместо него е испратен некој друг.

Боречката федерација на Северна Македонија пред еден месец побарала од Олимпискиот комитет со Нуров да патува и тренерот Вренези кој вели дека нема да застане тука, а со него денеска имаше и адвокат. Асмир Алиспахиќ вели дека доколку не се расчисти сето ова,ќе покрене тужба до сите надлежни институции.

Вренези вели дека борачот Нуров не би избрал друг тренер, а од друга страна вели дека со месеци не исконтактирал со него бидејќи е недостапен на телефон. Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август во Токио. Македонија ќе ја претставуваат осуммина атлетичари.