Работници загинаа откако ги потисна потпорен ѕид – „Местото е ризично, имаше и други жртви за време на поплавите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

При изградбата на заштитниот ѕид за да се избегне поплавување вчера попладне ѕидот потисна двајца работници на фирмата што го градела и двајцата го загубиле животот во тетовска Шипковица. Од СВР Тетово вчера рекоа дека станува збор за А.А.(63) од тетовска Селце и Ј.Ч.(50) од Република Албанија.

Пожарникарите на Тетово и компанијата интервенирале за извлекување на жртвите од урнатините, додека според Авни Ахмет, командир во противпожарната единица, на ова место имало и други жртви од поплавите и било ризично место.

„Овде се гради заштитниот ѕид кој минува низ село Шипковица, се урнал дел од ѕидот и потиснал двајца работници кои биле ангажирани на тој дел, обвинителството е тука и имало и прва помош која само потврдила смрт и ние како пожарникари заедно со четата што беше ангажирана правиме напори да ги извадиме телата. Всушност во поплавите во 2015 година имаше и други жртви и тоа е опасност и тоа е проект кој го финансира УНДП и се гради и за жал сега имаме повторно две жртви“, вели Авни Ахмети, командир на ТППЕ Тетово.

Од обвинителството велат дека за овој случај ја побарале комплетната документација на фирмата како и потребните документи од Општина Тетово. Додека трудовиот инспекторат излегол на местото на настанот и изготвил записник.

„Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица.“, велат од ЈО.

Проектот за заштитни ѕидови го финансира УНДП, додека овој ѕид беше ветен пред седум години, но досега овој проект сè уште не е завршен.