Таа била долгогодишна текстилна работничка која ги гледала прекршувањата на работничките права, но и ги почувствувала на своја кожа. Па, тоа ја поттикнало да оформи здружение „Гласен текстилец“ чиј претседател е. Кристина Ампева е поборник за права на текстилните работнички и конечно после 3 децении вели да се слушне и нивниот глас. Претходно од страв да не го изгубат работното место молчеле за неправдите со кои се соочувале.
„Она што ми сметаше е тоа што се исплаќаше подминимална плата за редовна работа, прекувремена работа, работа за празник. Ми сметаше тогаш бремена да одам во услови каде што не беше ни климатизирано. Цел август го изработив и земав 7 000 денари плата е надвор од секое човечко достоинство“, истакна Кристина Ампева.
Ампева вели дека има напредок во остварувањето на правата, но далеку од оние кои ги заслужуваат и треба законски да ги имаат. Главни приоритети и се задржување на работните места на текстилните работнички, да им биде платено она што им е сработено и да не ги принудуваат работодавачите работничките да си даваат отказ неосновано.
Неисплатени плати, значително намалени плати, неисплатена прекувремена работа, и неисплатен К-15 кој задолжително треба да се исплати во приватниот сектор се главните прекршувања на работничките права, велат од Хелсиншки.
„Најголем проблем е тоа што помошта за работниците легнува на сметката на работодавачите. И тие се понатаму тие кои што одлучуваат за судбината на работниците и како што гледаме воопшто не стигаат до работниците. Што е многу опасно, бидејќи најголем дел од работниците живеат од месец за месец, од плата до плата. Еве сега имавме случај кога 17 000 работници не добија плата за февруари и март, што значи тие се принудени да бараат начин како да преживеат“, истакна Вилдан Дрпљанин.
Не се почитува мерката од страна на дел од работодавачите со која еден од родителите на деца до 10 години треба да отсуствува од работа. Не ретко се случува некој да користи боледување, а да биде одјавен- како се да зависи од волјата на работодавецот-вели Дрпљанин. Како мерките да важат само за јавниот, а не и за приватниот . Најсериозни повреди има на работничките права има кај текстилните работници- нагласува тој. Мал е бројот на оние што се одважуваат да го пријават тоа, заради зачувување на работното место трпат незамисливи работи- објаснува Дрпљанин.
„Повторно исто како и пред пандемијата текстилната индустрија многу големи маки мачи да им обезбеди основни услови на работниците. Тука зборуваме од исплаќањето на минимална плата, не за нешто повеќе, до основен достоинствен однос кон работниците. Притисокот е зголемен, се бара да остварат уште повеќе во ситуација кога на светско ниво се соочуваме со една криза од невидени размери“, посочи Вилдан Дрпљанин.
36 000 работници официјално се вработени во текстилната индустрија, а неофициојално и повеќе. Од нив на околу 7000 им бил прекинат работниот однос од почетокот на пандемијата до крајот на 2020-та година. Добрата вест е што сепак после празниците се отвора пазарот , текстилните работнички продолжуваат да работат со полна пареа, за да можат да одговорат на нарачките кои веќе ги има.
