Радарите во акција 24/7! – Македонија дел од „24 часовен маратон на брзината“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата на Македонија од 13 до 19 април ќе се приклучи на европската акција за контрола на брзината, како дел од ROADPOL, со засилени контроли на сите патишта, информира Министерството за внатрешни работи. Врвот на акцијата ќе биде на 15 април, кога ќе се одржи „24-часовен маратон на брзината“, со контроли кои ќе бидат непрекинати цел ден на целата територија.

Властите нагласуваат дека големата брзина останува една од главните причини за несреќи со тешки и фатални последици.

Според МВР, целта на акцијата не е казнување, туку зголемување на свеста и почитување на ограничувањата на брзината, за да се спасат животи.

Дел од локациите за контрола се веќе познати за возачите, со цел да се постигне превентивен ефект.

„Маратонот за брзина“ ќе се одржи истовремено на сите европски патишта, како дел од заедничката акција на патните полициите.