Радев: 120 илјади Македонци имаат бугарско државјанство и преку документи можат да го докажат бугарското потекло

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Бугарија Румен Радев во Атина се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на работна средба.

Се разговараше за итноста за интензивирање на работата на билатералните стратешки проекти. Радев на брифинг објасни дека еден таков стратешки проект е терминалот за течен природен гас во Александрополис, кој е предвидено да биде пуштен во употреба најдоцна до октомври.

Терминалот се уште има технички проблеми кои во моментов се решаваат. Бугарија има удел од 20 проценти, потсети Радев.

Во однос на барањето на Македонија за измена на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, претседателот на Бугарија Радев рече дека познавањето на меѓународното право е неопходност и потпишаните меѓународни договори мора да бидат имплементирани од сите наредни влади, а не да се ревидираат.

Румен Радев наведе и статистички податоци според кои 120.000 македонци имаат бугарско државјанство и преку документи можат да го докажат своето бугарско потекло.