Радев: Изборите ја покажаа решеноста на бугарското општеството да се справи со корупцијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот кандидат за втор мандат на претседателските избори во Бугарија, Румен Радев изјави дека денешните избори ја покажале решителноста на општеството да справи со корупцијата, беззаконието, авторитаризмот, обидите за мимикрија и манипулациите за да се поколебаат луѓето да гласаат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, партиите во Бугарија имаат императивна задача да формираат влада и таа мора да биде реформска, антикорупциска, социјална и транспарентна, како и поддржана од јасно мнозинство кое не остава сомнеж.

На 21 ноември ќе се одржи вториот круг од претседателските избори во Бугарија на кој ќе учествуваат Радев и Атанас Герџиков.