Сведокот Александар Радуловиќ во судница сведочи како сведок предложен од страна на Бојан Јовановски. Радуловиќ вели дека на крајот од месец февруари во 2019 година на Боки 13 во Србија му дал повеќе од 150.000 евра за облека и лекови кои Јовановски требало да ги купи од Италија бидејќи требало да патува на модни настани.
Сопругот на авторката Марина Туцаковиќ сведочеше дека Боки 13 и неговата сопруга имале ист вкус за облека и носеле ист број, па така поради промена на килограми на Туцаковиќ морала да купи нова гардероба.
На прашање од адвокатот Сашко Дуковски дали тие пари се легално заработени, сведокот потврдно одговори.
Радуловиќ рече дека во изминатите две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ. Сведокот рече дека со Бојан Јовановски не е скаран, туку дека се добри пријатели со него и неговото семејство.
По сведочењето на сведокот, судскиот процес ќе продолжи со изведување на материјални докази кои се предложени од одбраната на Бојан Јовановски.
