Рагуза 360: По настанот со дерматолозите немавме други настани, објектот комплетно се дезинфицираше, вработените принудно ќе останат дома

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се огласија од ресторанот Рагуза 360, каде што викендов имаше конференција на дерматолози, каде што присуствувала и предавала и директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Биљановска, која е позитивна на коронавирус. Од таму велат дека просториите се целосно дезинфицирани и дека сите вработени, и покрај тоа што не биле во директен контакт со заболената, сепак, ќе останат дома и ќе направат тест за вирусот.

„Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот.

По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави. Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.

Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство.“, велат од Рагуза 360.