Рајан: Некои мислат дека најлошото помина, ќе имаме трет и четврт бран ако не сме внимателни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земја со олабавување на епидемиолошките мерки да не ги гаснат надежите што ги донесе вакцината, додека коронавирусот и натаму беснее низ многу земји.

Ова предупредување доаѓа во време кога програмата Ковакс, воспоставена за поправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19, неделава конечно го имаше почетокот на кампањата за вакцинација во земјите кои досега ја немаа.

-Ова е напредок што влева надеж, но бројот на дози дистрибуирани преку Ковакс е се уште релативно мал, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус.

Мајкл Рајан, шеф на програмата за итни операции на СЗО, предупреди дека се уште не е време да се релаксираме.

-Јас сум навистина загрижен затоа што некои луѓе мислат дека најлошото е минато. Тоа не е точно, рече тој на прес-конференција во Жeнева.

„Ако не бидеме внимателни, можни се трет и четврт бран“, предупреди тој.