Македонската ракометна репрезентација денеска од 15:30 часот го игра првиот натпревар од Главната фаза во групите на Светското првенство 2025 година.
Македонија со ремито против Унгарија, пренесе еден бод во групата 2. Евентуална победа, ќе ги зголеми шансите за пласман во 1/4 финалето на ракометниот Мундијал. После Австрија, следува дуел со Катар и со Франција.
Селекторот Кирил Лазаров нема многу време за подготовки за новите предизвици, и рече дека Македонија ќе мора да го крене нивото на игра во нападот и да ја подобри ефикасноста.
„Ќе биде возбудливо против Австрија, ќе се бориме до самиот крај. Немаме многу време, но ќе се обидеме да се спремиме, ќе го додадеме нашиот максимум. Австрија е сериозен противник, треба да бидеме перфектни за да очекуваме нешто. Мораме да работиме на реализацијата бидејќи во еден посериозен меч со ваква реализација ќе биде многу тешко. Мислам дека момците се свесни за тоа и ќе биде подобро“, изјави Лазаров.
