Ракометната репрезентација на Македонија избори пласман на Европското првенство 2026

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на идното Европско првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

На Македонија и требаше победа против Литванија со повеќе од два гола, а го доби мечот со +9 (26-17) за нов пласман меѓу најдобрите европски селекции.

Вечерва во салата Јане Сандански, Литванија имаше сила само за едно полувреме, откако добро парираше, а на пауза се замина само со +2 гола предност (13-11).

Меѓутоа во вториот дел целосна доминација на избраниците на Кире Лазаров, кои само ја зголемуваа разликата за на крајот да дојдат до убедлив триумф.