Американската војска е присутна во многу делови на светот и досега има извршено многу операции со големи барања, но се чини дека еден од поголемите проблеми досега е создаден од еден ракун, што ги принуди панично да бегаат.
Американското списание Task & Purpose, чија цел е да ја информира јавноста за активностите на американската армија, објави видео кое брзо стана популарно на социјалните мрежи, покажувајќи дека решавањето на навидум едноставен проблем може да се претвори во вистински кошмар.
Видеото беше пренесено на „ТикТок“ во вторникот и за кратко време собра 1,7 милиони лајкови и безброј коментари.
На него се гледа како група американски војници се обидуваат да избркаат ракун од блиндираното борбено возило „Страјкер“, кое бегајќи од војниците, се скрило токму таму.
Навидум едноставната „воена операција“ се претвори во голем проблем.
Бидејќи ракуните се природно агресивни животни, видеото покажува како еден од припадниците на војската држи бејзбол палка во случај на потреба од „самоодбрана“. Друг му вика: „Зад тебе!“
