Рама му се заблагодари на Путин за почеток на пристапните преговори со ЕУ: „Неговата безмилосна агресија ги разбуди најскептичните да ја согледаат реалноста“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од Луксембург изрази задоволство што Албанија ќе почне да ги отвора кластерите и официјално да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

„Се чувствувам многу возбудено и охрабрено што го почнуваме најтешкиот дел од работата во преговорите за членството во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“. Албанија, конечно, седи како рамноправен партнер на масата на земјите членки на ЕУ“, рече Рама.

Рама кажа дека му се заблагодарува и на Путин.

„Со неговата безмислосна агресија ги разбуди и најскептичните и ги натера да ја согледаат реалноста, дека Западниот Балкан е потребен за обезбедување на силна констелација на ЕУ. Сег сме на иста страна, ќе го извлечеме најдоброто од тоа и ќе се движиме брзо за да се увериме дека овој голем прозорец на можности нема да се затвори без нит да станеме дел од ЕУ“, рече Рама.