Рама: Немаме луксуз да губиме време, изгубивме премногу – го правиме она што ќе го правиме и кога ќе бидеме дел од ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Албанија Еди Рама на Економскиот форум во Скопје рече дека иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија.

„Слободата на движењето на луѓето, движење на добрата, капиталот и на услугите. Ние не сакаме да живееме во минатото, преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија“, рече премиерот на Албанија Еди Рама на Економскиот форум во Скопје.

Праша зошто треба да чекаме затворени со граници и свртени едни кон други со грб како во минатите 500 години, наместо да се има ритам и движење како земјите во Европската унија.

„Оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме она што и сега го правиме ние, но сега без ЕУ. Значи утре како дел од ЕУ, нема да се разговара понатаму дали овие четири слободи ќе се овозможуваат во нашиот регион“, рече премиерот на Албанија, Еди Рама.

Рама рече дека треба да се направи се, за да се врати малку од изгубеното време, додавајќи дека не треба да зависи интегрирањето во ЕУ само од четирите слободи.