Рама објави фотографија од Велипоја, па после критиките ја повлече

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанскиот премиер Еди Рама, објави фотографија од Велипоја, неколку часа по масакрот на плажа, во којбеа убиени четири лица, а двајца се ранети. На фотографијата пишуваше: „Добро утро од саканата Велипоја“.

Меѓутоа откако наиде на критики и на коментари, албанскиот премиер ја повлече фотографијата.

Коментарите главно се насочуваа кон тоа дека Рама не го осудил инцидентот, и дека во лош момент ставил една ваква објава, по што истата е избришана.

За инцидентот се огласи и претседателот Илир Мета кој го осуди инцидентот, и најави истрага.